Добредојдовте
на
Македонската
веб страница
на
Информативниот
центар за
доселеници St George. Оваа
страница ги
содржи сите
служби кои Информативниот
центар ги
нуди на
вашиот
јазик. Како
прво еве
нешто за
нашата
организација:
Информативниот
центар за
доселеници
во St George е
независна
општествена
организација, што
работи со
доселеници и
бегалци во
областа на St George,
особено со
оние кои
неодамна
пристигнале во
Австралија и
им се
потребни
информации и
средства.
Работниците
во центарот обезбедуваат
информации
за вашите
права во
следните
области:
Ова е
бесплатна и
доверлива
служба.
Ако имате
потешкотии
со јазикот
можете да побарате
помош по
телефон од TIS
(Телефонска
служба на
толкувачи) на
131 450.
Еднаш во
неделата, во
Среда,
работник
кој зборува
Македонски
јазик го
посетува
Информативниот
центар за
доселеници, за да
ви помогне со
проблемите
што ги имате.
За да
закажете
средба
јавете се на 9597
5455 и вработените
на рецепција
ќе ви закажат
кога да го
видите
работникот.
ИМА НОВ
РАБОТНИК
ЗА ОПШТИ И
ХУМАНИТАРНИ
ПРАШАЊА
ЗА
ДОСЕЛЕНИЦИТЕ
И БЕГАЛЦИТЕ
ВО ОБЛАСТА
НА ST GEORGE
Работникот
можe да им
помогнe на
доселениците
и бегалците
од сите
јазични
групи во врска
со:
Во иднина,
истата
служба ќе
работи и од
просториите
на Georges River Community Centre и Pole Depot Neighbourhood
Centre.
За да
закажите
средба
јавете ни се
на 9597 5455
или
посетете не
на оваа адреса
552 Princes Highway, Rockdale 2216
Информативниот
центар за
доселеници
има и многу
служби за
постари лица
и грижители кои
се грижат за
постари лица
или за лица
кои имаат
некаков вид
на
онеспособеност.
На ваш јазик
ги имаме
следните
служби:
Мултикултурната
служба за
постари лица
и лица кои
имаат
некаков вид
на онеспособеност,
одезбедува
соодветна
јазична и
културна подршка
за постарите
лица, лица
кои имаат
некаков вид
на онеспособеност
и нивните
грижители
кои се од неанглиско
говорно
подрачје.
Сите проекти
имаат
двојазични
работници
кои им даваат
подршка на
клиентите.
Проектот
за пристап на
лица од
неанглиско говорно
подрачје е
служба за
информации,
препорака и
подршка. Им
помага на
луѓето да ги
користат
службите за
домашна и
општествена
грижа во
областите St George и Sutherland, како
што се помош
околу
чистењето,
превоз, одмена
и одмор од
секојдневната
грижа за болниот,
поправки и
измени во
вашиот дом,
друштвена
подршка и т.н.
Македонски
двојазичен
работник ви е
на располагање
секоја Среда
од 10 до 3
попладне. Службата
можат да ја
користат и
лица од
регионот на
поранешна
Југославија.
Јавете се на
9567 0933. Службата е
бесплатна.
Преку
Пограмата за
поддршка на
грижители од
различни
култури (Multicultural Carers Support) на
македонските,
италијанските,
либанските,
египетските,
грчките,
кинеските и
дуругите
грижители, им
се дава
можност да се
сретнат со
лица кои се
во слична
ситуација за
друштвени
контакти и
информативни
сесии. Нашиот
експерт за поддршка
на
грижителите
ќе ви понуди
индивидуално
советување,
обука и
поддршка.
Јавете се на
9567 0933.
Пакетите
на услуги за
грижа на
стари во мултикултурното
општество се
наменети за
подршка на
постарите и
изнемоштени
лица кио
живеат во
областа на St George, да
продолжат да
живеат во
своите
домови, наместо
да се
преселат во
Хостел или
Дом за стари лица. Ова
се
овозможува
преку
обезбедување
на пакет за
грижа, како
на пример –
помош со капењето,
пазарењето,
чистењето,
превоз до
лекарот и т.н,
со цел да се
задоволат
личните
потреби на
клиентот.
Јавете се на
9567 0933. За
услугата се
наплаќа.
Мултикултурна
служба за
дневна грижа
и оброци во
Центарот –
службата
обезбедува
друштвени
активности
во Центарот
за дневна
грижа а
воедно и одмена
и одмор од
секојдневната
грижа за
болниот, за постарите
лица од
областа на St George.
Групите се
состануваат
еднаш
неделно. Обезбедени
се превоз и
културно
соодветни оброци.
Еднаш
месечно се
организираат
излети.
Јавете се на
9567 0933. За
услугата се
наплаќа.
За да ги
организирате
овие служби и
за да ви се
помогне со
употребувањето
на службите за
постари лица
во овој
регион
јавете се на 9567
0933 во Среда
кога
Македонски
работник ќе
ви биде на
располагање
од 10 – 3 попладне.
Во
Информативниот
центар за
доселеници
се сместени и
етно-специфични
организации
кои можете да
ги
употребувате
со цел да ви
помогнат. Во
вашиот
случај
соодветна
организација
е Македонско
Австралиското
Добротворно
Друштво од
Сиднеј.
Доколку
сакате на ваш
јазик да
прочитате за
службите кои
им помагаат
на
новодојдените во
Австралија,
можете да го
употребите
овој линк за
веб
страницата
на
Министерството
за
Имиграција и
Мултикултурни
Работи.
Се надеваме
декa ќе ве
видиме во
Информативниот
Центар за
Доселеници St George!
Link to DIMIA Settlement site: www.immi.gov.au/settle/booklets/index.htm